Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме негаторските и асимилаторски пароли искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева.

„Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски.

Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси.

Негирање на Македонија, во главниот град на Македонија е придобивката од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ.

Џамбаски е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика.

За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кок има аспирации кон Македонија“, се вели во соопштението.

На почеток