(ВИДЕО)10 афтершокови регистрирани во Албанија
10 афтершокови се регистрирани од синоќа до утрово со епицентар во Албанија. Последниот е во 10 часот и 05 минути по македонско време со јачина од 3,1 степен по Рихтер. Истиот е почуствуван и во Македонија.
Синоќа 4,7 степени по Рихер беше најсилниот земјотрес регистиран во 22 часот и 37 минути. Дел од жителите од епицентралното подрачје ноќта ја поминаа во своите автомобили, откако ги напуштија своите домови.
Mинистер за одбрана Нико Пелеши на „Фејсбук“ напиша дека помала штета е евидентирана во областа Клос, пренесува Коха. Епицентарот на земјотресот бил на три километри јужно од Клос, а земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија.
5.2 magnitude earthquake occurred near Dreze in Dibra, felt this way in Tirana downtown at 22:37. #Albania Shqiperi shqiptar Tirane Termet pic.twitter.com/lcC1Zxo798
— Aleksander Pavli (@sandripavli) January 15, 2023
Земјотресот беше почувствуван и во делови од Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината.