Ковачевски незадоволен од Спасовски, започнат е процес за избор на нов директор


На денешната прес-конференција, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е незадоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции, и започнал процес за селекција на нов директор.
“Прво јас сакам да се заблагодарам на МВР кое реагираше брзо и целиот случај го санкционираше што значи дека единицата за корупција во секрторт за криминалистички истраги при одделот за организиран и сериозен криминал при МВР до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе поденесе кривична пријава против 4 затворски полицајци, командир и надзорници во КПУ Идризово. Не би образложувал повеќе оти веќе е во надлежнст на обвинителството, а тие се независни органи.
Јас не сум задоволен од работата на директорот на управата за извршување санкции при министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на управата за извршување на санкции”, вели Ковачевски
