Скопје

Завршува вториот јавен повик на Град Скопје за избор на приватни превозници

Првиот јавен повик на Град Скопје за приватни превозници пропадна, а денеска завршува вториот за превозниците кои би го пополниле возниот ред на ЈСП на линиите 20 и 22.

Иако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека јавниот сообраќај може и без приватните превозници, сепак на огласите се бараа дополнителни 48 автобуси и 103 возачи за огласите.

Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе ги повика на средба приватните превозници, иако такво нешто досега не се случи.

Приватните превозници тврдат дека ЈСП има долг кон нив и исто така договорот им е прекинат незаконски и затоа ја бараат правдата.

На почеток