Оставка од Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје, до кога СДС и Арсовска ќе штитат семејно насилство, вели ВМРО-ДПМНЕ


Арсовска со денови молчи за насилството на нејзиниот генсек врз вработени во Град Скопје, иако како жена политичар треба да биде прва против насилството, а особено против семејното насилство, за што во минатото Глигоров исто така бил пријавуван, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Доколку Арсовска не знаела дека нејзиниот втор човек е насилник, сега знае, и нема оправдување да не го разреши.
Недозволиво е човек со склоност кон насилство да биде втор човек во институција како Град Скопје.
Дали Глигоров има карактерна особина за насилничко однесување кон жени и поддредени во службата, не навлегуваме, тоа е проблем кој доколку се детектира треба да се третира од соодветни установи, но не може таква личност да биде на раководна позиција.
Што да очекуваат граѓаните кои треба да чекаат услуга од генсекот Глигоров? Нема место за насилството во 21 век, ниту во институциите, ниту во општеството.
Ги повикуваме СДС и Арсовска да го прекинат молкот и да го разрешат Глигоров“, се вели во соопштението.
