Македонија

Пет лица каснати од кучиња скитници

На 16.01.2023 во ОВР Прилеп Ј.К.(69) од Прилеп пријави дека неговата сопруга Д.К.(66), на ул.„Мирче Ацев“ била касната од куче скитник.

На 16.01.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Драчево, Г.Д.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил нападнат од куче скитник.

На 16.01.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, Д.К.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ бил каснат од куче скитник.

На 16.01.2023 во СВР Битола, С.Г.(64) од Битола пријави дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.

На 16.01.2022 во 15.30 часот, А.Б.(35) од струшкото село Боровец во ОВР Струга пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На почеток