Охрид

Васко Довлев е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид

Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и се упатија кон пристаништето.

Крстот во осветените води на Охридското Езеро беше положен од Светилникот на пристаништето.

Васко Довлев од охридската населба Варош е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид.

На почеток