Охрид

Големата посетеност на Богојавление Водици е показател дека никогаш не смее да престане оваа долгогодишна традиција, вели Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков објави фотографии со Васко Довлев од охридската населба Варош кој го фати светиот крст и порача дека големата посетеност е показател дека никогаш не смее да престане оваа долгогодишна традиција.

„И покрај неповолните временски услови, денес, Охрид беше величествен.
Големата посетеност на одбележувањето на Богојавление Водици е показател дека на Охрид и Охриѓани овој ден им е од големо значење и затоа никогаш не смее да престане оваа долгогодишна традиција“, вели Пецаков.

На почеток