Скопје

Скопјанец заврши на клиника, се повредил на објект во изградба

На 18.01.2023 во 17.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.М.(55) од с.Идризово, скопско.

Според пријавеното, тој со повредата се здобил околу 16.15 часот, додека извршувал работни задачи на неговото работно место на објект во изградба на подрачјето на Аеродром. Полициски службеници излегле на местото на настанот и известен е трудов инспектор.

На почеток