Свет

Тајна посета на шефот на ЦИА

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тајно патувал во главниот град на Украина.

Според „Вашингтон пост“, Бернс на крајот на минатата недела бил во Киев, а наводно се сретнал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Оваа вест ја објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на американски функционер и други луѓе запознаени со посетата.

Барнс го информирал Зеленски за неговите очекувања за претстојните руски воени планови, се додава во извештајот, објави Ројтерс.

На почеток