Коментари

„Случајот со секретарот на бугарскиот клуб ни отвара простор за пенал, ќе го искористиме или ќе се правиме на мутави“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека во моментов „најважно е да се откријат причините зошто бил претепан секретарот на буарскиот клуб и дали станува збор за нарко дилер и криминално инспирирана тепачка“.

„Сега е многу важно:
1. да се открие зошто бил претепан ХП. Доколку станува збор за тепачка поради криминален спор тоа мора многу јасно и гласно да се каже пред домашната и меѓународната заедница.
2. да се процесира случајот од 17 декември 2022 година и да се утврди дали станува збор за поседување и дистрибуција на кокаин и тоа де се изнесе пред домашната и меѓународната заедница.
3. Доколку се открие дека станува збор за нарко дилер и криминално инспирирана тепачка тоа треба да се повторува на секоја наредна средба со соседите.
Мислам дека случајот со ХП ни отвара простор за пенал.
Наше е дали ќе го искористиме или ќе се правиме на мутави“, вели Најчевска.

На почеток