Коментари

„Седум години една клучка не можат да ја направат, a Таче излегува со видео дека направил 1300км патишта“, вели пратеникот Јаулески

Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се пофали дека власта на СДСМ во последните пет години изградила патишта во должина од 1300км, по што реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

„Овој Таче дефинитивно е за на бајачка, дури и Заев го надмина. Им оставивме 51% завршен, седум години една клучка не можат да ја направат и излегува со видео дека направил, внимавајте – 1300км патишта и автопатот Кичево- Охрид!
Каде е бе Таче автопатот? Го возиш ли?
Дај разбудете го и штипнете го нека се врати во реалноста, ова ниту кај штабските ботови не поминува“, вели Јаулески.

На почеток