Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на Уставни измени, одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани, вели Јаулески
Пратенкот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на Уставни измени.
„Уставни измени??? Ма ни под разно!
Нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на Македонија!
Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.
Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на суверенот – граѓаните.
Ние, нема да го дозволиме тоа“, стои во објавата.