Актуелно

Јаулески ги реши: е случи оставка од судски совет поради политички и бизнис притисоци, а новоназначената претседателка на ова значајно тело е на слики со Зоран Заев

Македонија се соочува со една од најтешките кризи во своето постоење. Криминалот, корупцијата, неправдата секојдневно го пробиваат дното. Америка прати тим за санкции да ги скенира состојби. Состојби од типот избор на обвинител кој не се знае што работел изминатите години освен што се дружел со функционери на ДУИ. Се случи оставка од судски совет поради политички и бизнис притисоци, а новоназначената претседателка на ова значајно тело е на слики со Зоран Заев од партиски состаноци на правната комисија. Од партизираното правосудство од двоецот СДСМ и ДУИ и спорниот избор на уставни судии не може да се има многу очекувања, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски.

-Не постои мала држава без природни ресурси која е корумпирана, криминална и во која неправдата е секојдневие, а да има економски раст, развој и просперитет. Научно е докажано дека има негативна корелациска врска помеѓу корупцијата и економскиот раст. Негативното влијание на корупцијата врз растот во најголем дел се случува преку неколку канали: политичка нестабилност, услови за водење на бизнис, инвестициска клима, образование, а со тоа и човечки капитал, рече тој.

Потоа потенцира дека од аспект на човечкиот капитал и образованието, во кое се вклучени младите и корупцијата, негативно влијание има:

-Целосно го девастира образовниот систем од каде треба да се продуцира знаење. (УКИМ на некое листи воопшто го нема, а на тие што го има е околу 2000-то место)

– Ги демотивира младите да инвестираат во човечки капитал (најголем фактор за успех е роднинска врска со високи раководни структури на владејачка партија.)

-Ја одвраќа интелектуалната класа да се вклучи поактивно во општествено – економските процеси со цел да придонесе повеќе за развојот на државата (видете ги анкетите и последните изборни циклуси во делот на излезноста. Секој ден се поголема е апатијата.)

-Корупцијата предизвикува погрешна кадровска селекција во приватниот, а особено во јавниот сектор (мислам дека нема потреба да се зборува подетално на оваа тема. Институциите на сите нивоа се заробени од партиски калкулации и не се прават промени поради кршливоста на коалицијата.)

-Тоа е реалноста колеги од мнозинството. Корупцијата, криминалот и неправдата ја влечат оваа држава надоле. Згора на се и економскиот тим ви е катастрофален. Впрочем и честите промени во него се потврда дека немате концепт што правите, порача тој.

На почеток