Коментари

„Нека дојде Ковачев мене да ми каже ова да ми биде последна објава, браќа Миладиновци се Македонци!“, врати Јаулески

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го искоментира европратеникот Андреј Ковачев кој па го искара претседателот Стево Пендаровски. Јаулески вели: „Кога ќе најдеш село без кучиња и еден статист во вилата на Водно, се случува токму ова. Кога имаш власт без кичма, анационална и предавничка ќе читаме вакви глупости! Еве го повикувам Ковачев нека дојде мене да ми каже ова да ми биде последна објава!“.

Јаулески додава:

Како стружанец, роден во местото на СТРУШКИТЕ и МАКЕДОНСКИТЕ браќа Миладиновци кои оставија траен белег во историјата на македонското творештво преку епохалните дела кои целосно ја опишаа мачната борба и животот на македонскиот народ низ вековите, се чувствувам ГОРД што потекнувам од исто место со овие славни браќа, од нашата Струга.

Од обичен статист не очекувам ништо повеќе од молк и климање со главата, но очекувам после менување на власта нашите заложби да бидат за одговорност поради ставање на државата во понижувачка состојба.

Браќата Миладиновци се Македонци, ова нема да биде моја последна објава за тоа ниту пак некој ќе може да ме натера.
Да живее Македонија со сите нејзини историски ликови кои ја прават само побогата и посакувана, но недостижна за оние кои немаат свое!

На почеток