Коментари

„Не вирее професионалец овде“, јавноста со реакции за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија, кој инаку е предводник на тимот што ги правеше трансплантациите на срце. На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„Не вирее професионалец овде“, реагираше доктор Ненад Лазаров.

„Да е иронијата поголема, на денот кога министерот #Фатмир #Меџити го разрешува директорот на Кардиохирургија, Сашко Јовев, Лекарска комора додели награда за прва трансплантација на срце – на #Сашко #Јовев и на #Жан #Митрев, како и на огроомниот тим кој го предводеа двајцата (види 📸 фото).
Во тој дух, медиумите не треба да прават ѕвезда само од разрешениот Јовев во текстови.
Зад таа прва трансплантација стоеше и Митрев и уште едно 30 луѓе. Тоа се фактите, сé друго е пропаганда за да се ,,испере” власта за смената преку своите гласила“, вели Јорданка Ивановска Јоци.

„Уште кога рече дека прва работа што ќе ја направи е да го среди паркингот пред клинички, јасно беше колку му е умот на министерот за здравство. Сега откако почна да разрешува луѓе докажани во занаетот, останува на нивното место да назначи кадри по слободен избор од гостите по чајџилниците во Боговиње, Џепчиште и Сарај.
Тоа е формула што се покажа како успешна во Обвинителството и правосудството воопшто“, вели поранешниот обвинител Војо Димоски.

„ФАТМИР
МЕЏИТИ
Инстант министерот за здравство ФАТМИР МЕЏИТИ го разреши директорот на клиниката за кардиологија Проф. Д-р Сашко Јовев.
Правилна одлука на министерот.
Директор на клиниката за кардиологија може да биде само партиски анонимус. Може и со наместена диплома.
Но, не може да остане директор врвен стручњак пионир од областа на кардиохирургијата, докажан во практиката, признат и почитуван.
Мора да се уништи и
тоа уште нешто што останало од јавното здравство.
Инстант ФАТМИР е многу погоден за тоа
Напред ФАТМИР…..руши..“, напиша поранешниот министер Михајло Маневски.

Зоран Јовановски, припадник на бизнис заедницата и познат економист, бара поништување на одлуката за разрешување на кардиохирургот Сашо Јовев од директорската позиција.

„Да го разрешиш кардиохирургот Јовев, човекот што го предводеше тимот за прва трансплантација на срце во земјава, заради банална причина, е навреда за здравиот разум. Затоа мислам дека за сите нас како граѓани најдобро е ваквата одлука веднаш да се поништи“, напиша на фејсбук Зоран Јовановски.

„Меџети тврди дека доктор Јовев е отпуштен затоа што бил мрцина и 10 години немал никакви резултати! Сериозно??? Па ние сите сме мрцини ако го дозволиме ова“, вели професорката Татјана Алексиќ.

„Подобра или барем на приближно исто ниво државна здравствена установа, од ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија која работи во најмала рака на исто ниво на сите приватни болници во регионов, едноставно НЕМА. Тоа што го пишувам не ми го кажал или раскажал некој, туку го знам од сопствено искуство (постарите викаат слушај паталец, а не гаталец)
ПРОФЕСОР, КАРДИОХИРУРГ, ДОКТОР, ДРУГАР И ПРЕД СЕ ВИСТИНСКИ ЧОВЕК, Сашко Јовев е најголемиот ,,виновник” што оваа установа и тамошните вработени под негово раководство направија и сеуште прават ,,научно фантастични” резултати за македонски услови, од сите досега извршени трансплатации на срце, до тоа што се избори Македонија од Јапонија да добие најсовремена ДРЖАВНА (НАРОДНА) хибридна операциона сала, АМА дефинитивно тука не треба да си успешен, пречиш, не треба да работиш за обичниот народ…
Ако и ова пројде кај и да е ни се ближи тажната приказна, во која еден обичен човек прашува, дали кога ќе го бесат треба тој да си купи или ќе му дадат јаже за да го обесат…
Најискрена поддршка за Професорот Сашко Јовев и целата екипа на ЈЗУ Универзитетска Клиника Државна Кардиохирургија“.

На почеток