Македонија

Потопени се лагите на Мицкоски, нема распуштање на Собранието, мнозинството ќе расте, вели СДСМ

Потопени се лагите на Христијан Мицкоски, кој тврдеше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието, дека се вршат притисоци врз пратениците, вели СДСМ

„Мицкоски нема 61 пратеник, нема распушташе на Собранието, туку парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес.

Пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат согласно добиените мандати и согласно својата политичка позиција во политичката партија.

И пред една година Мицкоски велеше дека има ново парламентарно мнозинство и тогаш владиното, актуелното мнозинство се зголеми.

Така ќе биде и овој пат, лагите на Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев и Левица уште еднаш му пропаднаа“, се вели во соопштението.

На почеток