Османи најави: Секој што ќе го негира македонскиот народ, тоа ќе му биде последно доаѓање во Македонија!


Бујар Османи, министер за надворешни работи, го посети Христијан Пендиков, лицето кое беше претепано во Охрид кој се претставува како Бугарин.
Тој кажа: „Нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, исто како што нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Секое доаѓање во РСМ за негирање на македонскиот народ, ќе мора сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во РСМ“, а откако Ангел Џамбазски неколку пати дојде за да каже дека Македонија не постои, додека Македонците се Бугари.
Искажа жалење за случајот со насилство.
„Имавме можност со министерот Милков да го посетиме да разговараме со него и семејството. Јас жалам за овој инцидент. Таквиот чин на насинство не ги одразува вредностите на граѓаните на РСМ. Македонија ќе се погрижи да има 0 толеранција за насилство“, кажа Османи.
Секој што ќе ги навреди Македонците и на македонскиот народ, ќе биде персона нон-грата.
„Нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Тие провокации треба да престанат. И да укажам дека секое доаѓање во Македонија со цел на македонскиот народ и негирање на македонскиот народ ќе мора да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање“
