Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо реформи и проекти Заев посегна по распродажба на државни и национални интереси

„Владата на Зоран Заев ја зави Македонија во црно. Со газењето на волјата на граѓаните, Заев и неговата криминална банда донесoa срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата  и историјата.

Заев гази се пред себе само со една цел, да се задржи на власт колку што е можно повеќе и да се богати преку тендерите во четири очи.

Државата стагнира веќе две години. Наместо реформи и проекти Заев посегна по распродажба на државни и национални интереси заради богатење на неговиот клан.

Здравството секојдневно паѓа во невиден хаос, образованието се помалку функционира, а пак економијата е пред колапс.

Црнилата станаа секојдневие на македонскиот народ. Зоран Заев е синоним на црнило кое што и се случува на Македонија веќе две години.

Време е Заев и неговиот криминален картел да си заминат од власта. Граѓаните црнилото ќе го тргнат со пенкало во рака на предвремените парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток