Македонија

Мијалков доби казна затвор од 2 години, изречени казните за “Титаник 2”

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година.

На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на години 2 затвор

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби 2 години.

Од ексчленовите на ДИК, кои добија преквалификација на дело и сега се гонат за повреда на избирачко право, на Бедредин Ибраими го осудува на казна затвор од 2 години, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска добијa 2 години казна затвор.

Сите обвинети и на повтореното судење негираа вина. Сашо Мијалков и Мендух Тачи се гонат за поттикнувачки дејствија, додека ексчленовите на ДИК дека поништиле гласање по нивна насока. Очекуваа дека обвинителот Гаврил Бубевски ќе го повлече обвинението бидејќи според нив е неиздржано, а откако тоа не беше направено, очекуваа судиите Ставрев и Шабани да донесат ослободителни пресуди.

Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за четири месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.

Во предметот „Титаник 2“ извесно е застарување на делото „примање награда за противзаконито влијание“ за кое е обвинет Мијалков, веќе во април годинава. Ако Апелација не донесе одлука за овој предмет до април, Мијалков ќе биде ослободен од вина. За останатите обвинети меѓу кои и Тачи, делата не застаруваат во скоро време.

На почеток