(ФОТО) Граѓаните се организираа, на 4 февруари ќе се блокира патот до Скопје
Од
Објавено на
Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.
На социјалните мрежи објавен е повик граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел нивно спречување.
„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.
Вчера бугарска фондација на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.