Русија: Одбраната на Украина, нема да му помогне на гнилиот Стар свет да избегне да плати за своите гревови
Испораките на тенкови и оклопни единици во Украина нема да го спречат избувнувањето на Третата светска војна, ако некогаш дојде до тоа.
Ова во саботата го изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Како што рече, одбраната на Украина, која никому не му е потребна во Европа, нема да му помогне на „гнилиот Стар свет да избегне да плати за своите гревови“.
Според Медведев, доколку третата светска војна навистина се случи, таа нема да се води со помош на тенкови и авиони, туку целиот свет ќе се претвори во пепел.
Тој потсети дека Велика Британија, меѓу другото, бара земјите од Алијансата веднаш да му достават оружје на Киев, како и дека овие ловци, тенкови и ракети со долг дострел ќе го спречат ширењето на Русија и избувнувањето на војна.
„Има безброј такви будали во структурите на моќ во Европа“, додаде тој.
Да потсетиме, Германија по неколкумесечно размислување најави дека ќе испрати тенкови „Леопард“ во Киев, а истиот ден американските власти најавија дека Киев ќе ги добие тенковите „Абрамс“ од Вашингтон.
Набргу потоа, Велика Британија објави дека планира да испорача тенкови „Челинџер 2“ на Украина на крајот на март.