Актуелно

Запленети 4,5 тони кокаин

Шпанската полиција соопшти дека запленила 4,5 тони кокаин чија проценета вредност е 105 милиони евра.

Запленувањето се случило на брод под знамето на Того, кој превезувал добиток во близина на Канарските острови, при што биле уапсени 28 членови на екипажот.

Полицијата соопшти дека бродот застанал на пристаништата во десетина земји пред рацијата во вторникот и дека шверцерите на дрога почнале да ги користат бродовите за транспорт на добиток, бидејќи на полицијата и било потешко да го следи нелегалниот товар, објави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека пловењето на бродот „Орион В“ од Колумбија го следеле шпанските власти, американската Агенција за борба против дрога и тогоанската полиција, а дрогата е запленета во Лас Палмас, Гран Канарија.

На почеток