Свет

(Видео) Над илјада интервенции ноќеска во Шпанија, на терен се повеќе од 2.700 пожарникари

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Повеќето од нив се регистрирани во Малага, 22 лица се спасени на различни локации.

До натамошно известување, не се препорачува несуштинско патување во провинцијата Валенсија.

Регионалните противпожарни и спасувачки служби во Валенсија испратија четири спасувачки екипи, додека службите во Кастелон и Аликанте се уште немаат дополнителни интервенции. Во текот на ноќта поради поплави и одрони биле затворени два патни правци, извести Центар 112.

На терен се повеќе од 2.700 пожарникари од повеќе од 45 организации, околу 8.600 припадници на војската, вклучително и специјализираната единица за вонредни ситуации, како и над 800 волонтери од Цивилната заштита кои даваат поддршка во најпогодените области. Полицијата, исто така, го зголеми своето присуство со повеќе од 9.700 припадници на Националната полиција и цивилна гарда, над 500 локални полицајци.

Со цел да се заштитат граѓаните, воведени се привремени мерки, вклучително и суспензија на едукативните и спортските активности, затворање на дневните центри и ограничување на сообраќајот за приватни возила, освен за итните служби и компаниите одговорни за снабдување со основни услуги, како што се како вода, енергија и храна. На граѓаните им се препорачува да избегнуваат употреба на пумпи за испумпување на вода во затворени простори поради опасност од вдишување на јаглерод моноксид, а во најпогодените места се препорачува употреба на флаширана вода за пиење и готвење.

На погодените места се препорачува носење заштитна маска, очила, соодветни обувки и долга облека. Отворени се специјални канцеларии за помош за настраданите граѓани.

На почеток