Коментари

Каракамишева: Нека ги преслуша Пендаровски изјавите на Џамбаски за да ги види сите елементи за загрозување на државниот поредок и безбедност на Македонија

Професорката Тања Каракамишева вели дека релативизацијата од страна на претседателот на Република Македонија е опасна работа и додава дека Пендаровски треба повторно да ги преслуша сите изјави на европратеникот Ангел Џамбаски за да ги види сите елементи на загрозување на безбедноста на Македонија.

„Релативизацијата е многу опасна работа од официјален функционер како претседател на Република Македонија!
Нека си ја преслуша претседателот Пендаровски уште еднаш целата изјава на Џамбаски изнесена во центарот на Скопје, а му предлагам и сите претходни, за да ги види сите елементи на загрозување на државниот поредок на Македонија и нејзината безбедност!
Никој не спори право на етничка/национална припадност на одредени луѓе, но многу спориме кога тие луѓе ги НЕГИРААТ МАКЕДОНЦИТЕ, НИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ИСТОРИЈА!

На почеток