Каракамишева: Каде е местото на Бугарите во колективната меморија на македонскиот народ и каква позитивна улога одигра во развојот на македонскиот идентитет?


Ајде уште еднаш да ги прашам властите, иако слично прашање поставив и порано, но немаше никаков одговор. Целта на секоја преамбула во Уставот на една држава е да се издвојат, да се потенцираат најважните историски настани, документи, личности кои се силно врежани во колективната меморија на земјата и кои одиграле позитивна улога во воспоставувањето на самобитноста на земјата и борбата за самостојност на народот, вели професорката Тања Каракамишева.
„Прашањето ми е каде е местото на Бугарите во таа колективна меморија на македонскиот народ и каква позитивна улога одиграле Бугарите во развојот на македонската историја и идентитет“, додава таа.
