Конфискацијата на дивоградби отвара уште едно чешмиче за мито и корупција, вели Куновска
Актерката Софија Куновска се спротивстави на идејата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во однос на конфискацијата на дивоградбите на ова подрачје, Цени дека ова е опасо и дека пред се отвора можниост за уште поголема корупција.
-Деновиве сведочиме на иницијатива за конфискација на диво изградени објекти. Морници ме полазија од помислата колку големо незнаење и неодговорност содржи оваа идеја во себе. Дали предлагачот на ваквото решение смета дека сите досегашни учесници во создавање на регулатива за ова прашање биле недоветни, необразовани и бездарници па еве требаше да го дочекаме токму него за да ни се случи “Еурека”? Простете, но ова е опасна игра од која сите сме губитници.
Минимум што треба да разбере предлагачот, градоначалникот Горан Герасимовски, е дека својата неефикасност или недостатокот на воља да санкционира и безмилосно да руши диви градби, не може да ја премости со идејата дека диви градби треба да бидат конфискувани. Тоа е негова законска обврска. Ваквата идеја стимулира безредие и отвара уште едно чешмиче за мито и корупција. Нека си направи со време консултации со Уставниот суд, освен ако идејата не му е само купување време.