Коментари

Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите, вели Апасиев

“АПАСИЕВ, ОТИ ТЕ НЕМА ПО ТЕЛЕВИЗИИ?” е најчестото прашање кое го добивам периодов, вели лидерот на Левица.

„Ме нема оти во Собрание го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми од времето на Грујо, со кои петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и АлсатМ) ќе требаше да инкасираат по милион и пол ЕУР за владини реклами.

Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите. Така одат тие работи во животот. У круг.

p.s. Сета среќа што живееме во време на социјални медиуми, па гласот на Левица не може да биде замолчен“, додава тој во својата објава на социјалните мрежи.

На почеток