Македонија

Георгиевски откри како го вработил Мијалков

Лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Во центар“, изјави дека екс премиерот Никола Груевски барал од него да го вработи поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Хил бараше да го тргнам Сашо Мијалков на двапати зашто им продавал оружје на Србите. И два пати Доста дојде за истото. Па го сменивме. После доаѓа Грујо и ми вели: да те замолам за Сашо, има деца нема како да го храни, а Сашо знаеме каков капитал има нели? И вели Никола „Може ли да го земеш за државен советник барем плата да зема. И го назначив, земаше плата и седеше дома. Така јас му помогнав на Сашо“, рече Георгиевски.

На почеток