Ахмети: Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци
Претседателот на ДУИ Али Ахмети од денешниот партиски настан на ДУИ во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“, упати порака дека бил и секогаш ќе биде „ангажиран во одбрана на каузата на Македонците“.
„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура“, рече Ахмети.
Според лидерот на ДУИ, токму затоа сега сакаат да отворат „нова сцена, проевропски фронт“ што го забрзува нашето членство во Европската унија“
„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, рече Ахмети.