Оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски, бара ВМРО-ДПМНЕ
Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС , Филип Андов – Сокол. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Да потсетиме пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена.
Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија.
Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов – Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш.
Јавноста логично прашува дали врската со мафијата на власт и корупцијата затворски врати отвора?
Одговорност за бегствата и за решето затворскиот систем мора да има“, се вели во соопштението.