Зеленски не завршил со смената на високи функционери: Секој што нема да работи по строги стандарди ќе добие отказ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање рече дека не завршил со смената на високи функционери.
Како што истакна, секој што нема да работи по строги стандарди ќе добие отказ.
Минатата недела Зеленски одговори на извештаите за корупција, 11 месеци по почетокот на војната, со отпуштање на повеќе од десет службеници, пренесува Ројтерс.
Во таа прилика вети дека нема да има толеранција за незаконско однесување или лошо менаџирање.
Во своето последно обраќање, Зеленски рече дека неговата администрација планира да воведе некои нови промени како дел од напорите да се придвижи напред со брзи и сложени преговори кои ќе обезбедат членство на Украина во Европската унија.
На 3 февруари Зеленски ќе биде домаќин на самитот на Украина и Европската унија во Киев, каде што ќе разговараат за најраниот почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија.
Самитот меѓу ЕУ и Украина беше договорен пред еден месец, кога претседателот Володимир Зеленски разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Со нетрпение очекувам да се сретнам со вас во Украина наскоро“, напиша фон дер Лајен на Твитер.