Свет

Во меѓународна полициска акција разбиена криминална група која украла над 5 милиони евра од банкомати

Полицијата во Германија, Холандија и Белгија пребарала 16 локации и уапсила 9 лица како дел од операцијата против криминална група специјализирана за минирање на банкомати.

Повеќе од 5 милиони евра се украдени од расипани машини во три германски покраини од ноември 2021 година. Сторителите патувале од Холандија и по експлозиите заедно со пленот во автомобил го напуштиле местото на злосторството.

Германските власти посочија дека материјалната штета предизвикана од експлозиите изнесува вкупно 6,5 милиони евра. Во многу од грабежите, трошоците за уништување ја надминуваат вредноста на украденото.

Пронајдени се четири килограми експлозив подготвен за идни напади. Осомничените се на возраст од 25 до 41 година. Тие се приведени во холандските провинции Утрехт и Лимбург, како и во Белгија. Германија побара екстрадиција.

На почеток