Ајкула до смрт изгриза 16 годишно девојче


16-годишно девојче од Перт починало откако било нападнато од ајкула во реката Свон во Северен Фремантл, Австралија.
Оваа трагедија е прв ваков фатален напад на ајкула во последните 100 години.
Девојчето околу 15 часот и 30 минути било извлечено од реката кај сообраќајниот мост откако се здобила со тешки повреди на ногата. Неколку екипи биле на теренот кои се обидувале да ѝ помогнат, но безуспешно.
Полицијата верува дека тинејџерката пред нападот се возела на џет ски со пријателите, кога скокнала во водата откако забележала делфини, пишуваат локалните медиуми.
Сведоците изјавиле дека виделе маж како скока во реката за да ѝ помогне на тинејџерка и го опишале како „херој“.
Ова е трет напад на ајкула во реката Свон во последните 50 години.
Допрва треба да се утврди каков тип на ајкула го извршила нападот, но се верува дека станува збор за бик-ајкула. Еден од упатените изјавил за медиумите дека неодамна почнал да гледа многу бик- ајкули во реката и дека се приближуваат до брегот.
