Македонија

Јанушев: Не играме на картата на национализмот, законот е штетен и донесен на сила и истиот е противуставен

По денешната пресс конференција Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговраше на новинарски прашања.
Истите ги пренесуваме во целост:

Новинарско прашање: Дали кога го пишувавте вашиот говор имавте во предвид како ќе се чувствуваат вашите сограѓани Албанци кога ќе го слушнат ова од вас? Имате ли нешто друго да понудите на македонскиот обичен гласач, освен националистичка реторика, затоа што откако ги изгубивте изборивте, малку застанавте, па повторни играте на таа карта?

Одговор: Апсолутно не играме на картата на национализмот. Законот е штетен и законот е на сила донесен и истиот е противуставен. Во постапката кога се носеше јас лично овде сум држел неколку прес конференции сум ја повикувал власта да седнеме и да изработиме добар текст на законот, притоа да се прифатат забелешките од претседателот на оваа држава Република Македонија и господинот Ѓорѓе Иванов. Власта не игнорираше, на насилнички начин го донесен законот и сега повторно со кршење на Уставот и законите се обидуваат да спроведат така наречен закон. Почитувањето и почита кон сите кои живеат во оваа држава е двонасочен процес. Почита треба да ја добиете за да може истата да ја возвратите. Со криминални дејанија, одење спротивно на волјата на народот и на ваков насилнички и криминален начин обидувајќи се да се протнат сите овие не законски и не уставни решенија се далеку од почит и почитување на волјата на македонскиот народ и сите останати кои што живеат во оваа држава.

Новинарско прашање: Според вашата партија кој ќе бидат клучните проблеми во примена и спроведување на овој закон?

Одговор: За да зборуваме за примена на овој закон, прво овој закон треба да биде во согласност со Уставот и законите. Овој закон прво е во контрадикторност со највисокиот акт – Уставот, е во колизија со други закони, опозицијата воопшто не учествуваше, претседателот на државата беше максимално игнориран. Не можеме за проблеми за имплементација да зборуваме кога самото решение како и начинот на кој сега го објавија во Службен весник е незаконски и криминален. Прво треба некој да одговара за тоа што се прави, второ треба да седне и да се направи добар текст на законот, а после тоа можеме да разговараме каква би била имплементацијата на истиот.

Прашање новинар: Дали ќе одите со бојкот на претседателските избори ако не се прифаќа со нив да се одржат и предвремени парламентарни избори?

Одговор: Претпоставувам дека реферирате на вчера нешто што беше објавено за кое што можам да кажам дека беше грубо злоупотребено за дневно политички цели. Во моментов ги разгледуваме буквално сите опции кои што ќе ги објавиме и нормално ќе пресечеме кога ќе имаме одговор на власта во однос на нивното понатамошно делување.

Прашање новинар: Дали бојкотот е опција?

Одговор: Како што кажав сите идни чекори ќе зависат од делувањето на СДСМ и ДУИ пред се, односно од страна на владејачката гарнитура.

Прашање новинар: Дали ВМРО-ДПМНЕ веќе има конкретно име за претседател на државата?

Одговор: Како што знаете конкурсот е објавен пред десетина дена, и истиот трае до 31 јануари. По завршување на огласот ќе следи проверка на кандидатурите, односно дали истите ги исполнуваат законски предвидените услови за да се биде кандидат за претседател на Република Македонија. По што на 16 февруари ќе ја одржиме конвенцијата каде што ќе се изврши изборот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори 2019 година. Така да во овој момент било кое споменување на било кое име е врз база на шпекулација.

Прашање, новинар: Повикавте во вашиот говор ако не се лажам институциите да не го спроведуваат овој Закон за јазици, што значи ако утре дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направи се а да го укине овој јазик?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во наша моќ да ги врати овие штетни процеси онаму каде што треба да припаѓаат.

Прашање, новинар: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ дали Албанците заслужуваат да го употребуваат својот мајчин јазик во оваа држава?

Одговор: Да, апсолутно заслужуваат да го употребуваат мајчиниот јазик, исто како и сите останати бошњаци, срби, роми, сите оние кои што живеат на територијата на Република Македонија. Каде што еден закон ќе се донесе со консензус, помеѓу сите политички субјекти и пред се и над се закон кој што ќе биде во согласност со Уставот и кој нема да биде во колизија, со останатите закони и при тоа ќе се испочитува целата законски пропишана постапка која што е потребна за донесување на еден таков закон.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток