Македонија

Спасовски против амнестија за „27 април“: Неказнивоста може да предизвика проблеми

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени”, во однос на предлог законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.

– Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност – дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување – истакна министерот Спасовски.

На почеток