Македонија

(ФОТО) Стотици полицајци и проверки пред Свети Спас за чествувањето на Гоце Делчев

Стотици полицајци, неколку точки за преглед и проверка, претреси на чанти.

Вака изгледа влезот во црквата Свети Спас утрово. Пристапот е ограничен. Настанот е од висок ризик.

Центарот на Скопје го надлетуваат и хеликоптери.

Прславата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе тече под строги протоколи и со акредитации.

Македонски, но и бугарска делегација ќе оддадат почит на великанот во црквата Свети Спас. Официјалниот настан почнува во 9 часот, кога претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе пред гробот на великанот.

На почеток