Македонија

Денеска се одбележиваат 121 година од смртта на великанот Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев.

На неговото вечно почивалиште, во црквата „Св.Спас“ во Скопје ќе биде положено свежо цвеќе.

Великанот и револуционер Гоце Делчев, пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Делчев е убиен од османлиската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско.

Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

На почеток