Македонија

Тодороска: Зошто Делчев не беше толку важен за Бугарите долгите години додека неговите мошти се наоѓаа во Бугарија?

Професорката Катерина Тодороска од Институтот за национална историја во интервју за Фокус објаснува дека во периодот кога живеел и делувал Гоце Делчев македонската етничка територија била под власт на Османлиската Империја.

На прашањето врз основа на што бугарските историчари го темелат тврдењето дека Делчев бил Бугарин, професорката вели дека начинот на именувањето на поединците во османлиско време, всушност е основата врз која Бугарите слепо го темелат својот став.

„А ставот им е инспиративен за многу прашања. На пример, нејасно е зошто Делчев не беше толку важен за Бугарите долгите години додека неговите мошти се наоѓаа во Бугарија? Зошто годишнините од раѓањето и смртта на Гоце Делчев ги одбележувале само неговите најблиски соработници? Зошто неговите блиски и следбениците на неговото дело ги заколнале поколенијата светите коски на Гоце да бидат погребани во главниот град на независна Македонија? Или зошто сите тие, бидејќи не биле благонадежни Бугари туку Македонци, свечено ги пренеле посмртните останки на Гоце делчев од Софија во Скопје?“, вели професорката.

На прашањето каде погреши македонската Влада, а и Комисијата за историски и образовни прашања за сега да се доведеме во ситуација да треба да се докажуваме со Бугарија и нивните империјалистички барања да се легитимираат во процесот на ЕУ преговорите, професорката Тодороска вели дека Владата направи катастрофален чин со потпишувањето на исклучително штетниот по македонската држава т.н. Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, бидејќи е крајно неизбалансиран, без никаков историски темел, со срамни обврски за преговарање за нешта што никој не би преговарал.

Комисијата за историски и образовни прашања е, вели таа, црешата на тортата на срамот која нѝ ја подготви Владата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток