Свет

Осомничениот за пукањето во Грачаница ќе се брани од слобода со кауција

Косовската полиција соопшти дека мажот, кој беше осомничен дека пукал со пиштол во Грачаница, со одлука на обвинителот е пуштен да се брани од слобода.

Против него е поведена редовна постапка

Косовската полиција во својот редовен дневен извештај соопшти дека две лица пријавиле дека осомничениот испукал неколку истрели од пиштол од автомобил. Полицијата излегла на местото и пронашла два куршуми.

Како што е наведено, осомничениот сам се пријавил во полициска станица. Тој е осомничен за неовластено поседување оружје и загрозување на општата безбедност.

На почеток