Свет

Колумбија забележала предмет сличен на кинескиот балон во нејзиниот воздушен простор

Колумбија објави дека забележала и предмет сличен на кинескиот балон во нејзиниот воздушен простор.

Утрото на 3 февруари, Националниот систем за противвоздушна одбрана откри објект на надморска височина од околу 17.000 метри што влегол во воздушниот простор на земјата во северниот сектор, објавија во саботата вечерта колумбиските воздухопловни сили.

Објектот се движел со просечна брзина од околу 46 километри на час, покажувајќи „карактеристики слични на балон“.

Колумбиските воздухопловни сили го следеа објектот со својот одбранбен систем додека не го напушти нивниот воздушен простор.

Тоа не претставува „закана за националната безбедност, одбраната или воздушната безбедност“, соопштија од воздухопловните сили, додавајќи дека сега соработуваат со други земји за да го откријат потеклото на објектот.

Во саботата, американската војска собори, како што рече, кинески шпионски балон во близина на брегот на Јужна Каролина.

Пекинг тврди дека се работи за цивилен истражувачки балон кој излета од курсот.

Во петокот, портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пар Рајдер, рече дека е забележан втор балон над Латинска Америка, но не даде други детали.

На почеток