Свет

Невремето „Барбара“ донесе снег, виулици и ниски температури во Грција

Невремето „Барбара“ донесе во Грција снег, снежни виулици и ниски температури во централниот дел на земјата, ветер и сериозни проблеми на Пелопонез, Евија и Атика, која од утрово е под снег.

Поучени од минатогодишното искуство кога животот во Грција беше парализиран поради ненадејна снежна бура, кога десетици автомобили со патници беа заробени во длабок снег повеќе од 24 часа на приодите кон Атина, овој пат сите служби се на готовност, 1.100 полицајци на теренот заедно со војската и пожарникарите .

Сериозни проблеми веќе има на Евија, каде неколку автомобили се заглавени во снегот, на централните сообраќајници, каде дури се очекува прекин на целиот сообраќај бидејќи доцна попладне се очекуваат уште пообилни снежни врнежи.

Во централните делови на земјата, каде температурата е под нулата, веќе се отсечени многу помали места, но жителите на Атика добија и СМС предупредување да не ги напуштаат домовите доколку не е апсолутно неопходно, каде сообраќајот е веќе отежнат во околината на главниот град, особено во северните општини каде е под нулата.

Дува многу силен ветер што го отежнува чистењето на автопатските приоди кон Атина.

Училиштата утре ќе останат затворени затоа што снегот и снежните виулици сè уште се невообичаена појава во Грција, на што Медитеранот сè уште се навикнува.

Во северните делови на Атина утре ќе бидат затворени и сите продавници, курирската служба нема да работи.

Обврската за зимска опрема која е на сила од октомври до април дури сега стана реалност,пренесе Политика.рс.

На почеток