Свет

Додик: Курти продолжува да го дестабилизира Балканот

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека премиерот на Приштина, Албин Курти, продолжува да го дестабилизира Балканот.

За Курти, Додик додава дека ги избегнува меѓународните обврски и ги искривува фактите не само од сегашноста, туку и од минатото.

На прашањето на Срна да ја коментира изјавата на Курти, во која тој ги спореди Република Српска и Заедницата на српски општини (ЗСО) кои треба да се формираат на северот на Косово и Метихија и рече дека ова е начинот на кој Србија создава ентитети на Балканот за да се формира, како што се наведува, „српски свет“, Додик потсети дека ЗСО е дел од бриселскиот договор што Курти не сака да го спроведе, иако има карактер на меѓународна обврска.

Додик истакна дека Република Српска не е создадена како одговор на малцинството во БиХ, туку како одговор на конститутивниот народ кој со векови живеел и ќе продолжи да живее на тој простор.

Исто така, Србите на Косово и Метохија не се и не можат да бидат малцинство затоа што се нивни и ќе останат такви, истакна Додик. Тој потсети дека само Албанците биле цело време малцинство и во рамките на поранешна Југославија и во денешна Србија и дека, како што рече, плашејќи го светот со „српскиот свет“ малку го заокружуваат „албанскиот свет“.

Додик истакна дека нема ништо против, како што рече, „Курти да изигрува држава“, но не во Република Српска и не во Србија, наведувајќи дека Албанија е прилично пространа за таков манипулатор. Курти вчера изјави дека „Белград сака друга Република Српска“ и дека „не треба да се заборави горчливото искуство во Босна и Херцеговина со Република Српска“.

На почеток