Актуелно

Силно невреме во Кавадарци, откорнати бандери и дрвја

Невреме го зафати Кавадарци. Како што велат од локалната самоуправа, силниот ветер откорна бандери и дрвја во кавадаречко.

Од општината соопштија дека доколку граѓаните имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193.

„Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија“, соопштија од Општината.

На почеток