Свет

(ВИДЕО) Објавени снимки од моментот на страшниот земјотрес во Турција

Социјалните мрежи се преплавени со видеа и фотографии од последиците од катастрофалниот земјотрес што рано утринава, нешто по четири, ја погоди Турција.

Јачината на земјотресот беше проценета на 7,8 степени според Рихтеровата скала, а ја потресе и соседна Сирија.

Податоците за жртвите постојано се менуваат, но веќе е потврдено дека во Турција загинале над 200, додека во Сирија се потврдени 42 смртни случаи. Над 1.000 беа повредени.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде уште поголем бидејќи луѓето спиеле во моментот на земјотресот.

Сеизмолозите веќе открија 22 последователни потреси.

На почеток