Ковачки: Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи


Македонското министерство за надворешни ќе прати ли нота со осуда за кршењето на клубот или ќе каже 2 реченици за ТВ и толку е доволно, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ниту еднаш од позиција на претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи не ги спомена правата на Македонците во Бугарија.
Ниту еднаш!
А сам кажа дека ќе се борел за принципите на ОБСЕ и дека од нив немало да има отстапување. Епа еден од базичните принципи на ОБСЕ е “почитување на правата на малцинствата”. Зошто не се обиде да го наметне почитувањето на базичните принципи на ОБСЕ или и од тие принципи ќе си зема тоа што му е потребно за дневна политика?
Ни дадоа да претседаваме со ОБСЕ, а не знаеме да го искористиме моментот.
Али Ахмети на неговите настапи пред сограѓаните често изјавува дека “Бујар претседава со половина планета”.
Еве и да се согласиме дека е така, но тогаш што фајде имаме ние од тоа негово претседавање?
Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи не ми е јасно.
Дали е уценет со кривичната за “Пациент”, дали е нешто друго во прашање не е јасно, но факт е дека не одработува за Македонија и за македонските национални интереси.
* Барем да отидеше да ги собере срчите од демолираниот клуб во Бугарија“, вели Ковачки.
