Свет

Уште еден силен земјотрес ја погоди Турција

Два силни земјотреси претпладнево повторно ја стресоа Турција.

Според информциите од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е со јачина од 7,7 степени и е на седум километри од Елбасан, односно на 67 километри од градот каде беше епицентарот на утринскиот земјотрес со јачина од 7,8 степени. Длабочината е два километри.

Временската разлика меѓу двата силни потреси е 10 минути. По тој од 7,7 степени, регистриран е нов со јачина од 6 степени на длабочина од 10 километри.

Според последните информации, бројот на загинати од утринскиот земјотрес со јачина од 7,8 степени е над 1.200.

На почеток