Петровска: Македонската Армија е подготвена да и даде секаква поддршка на Турција

Од
Објавено на

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека армијата е подготвена да и даде секаква поддржка на Турција.
„Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели.
Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи.
Нашиот народ знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна“, вели Петровска.
