Камиказа: За ќотекот во собрание за Македонците 200 години затвор, за ќотек на полицајците на Деве Баир 300 евра казна за Бугарите


Тројца бугарски државјани по расправијата со македонските полицајци беа приведени од полициjaта на граничниот премин Деве Баир. Тие добија 300 евра казна и три години забрана за влез во Македонија.
Петар Георгиевски Камиказа на социјалните мрежи објави статус преку кој им се обрати на пратениците и ги праша дали нивниот ќотек повеќе боли од тој на полицајците.
„За ќотекот во собрание на пратениците – за Македонците 200 години робија. За ќотек на полицајци на граничен премин, напад на службени лица – 300 евра и три години, да не влегуваат во Македонија, странски државјани?!?!
Абе токмаци (пратеници), вашиот ќотек повеќе боли, од тој на полицајците. А!?!?
Веднаш да ги ослободите неправедно затворените Македонци од занданите. Значи слобода, одма!!! П.С. (насилие не подржувам, но двојни аршини па ич)!!!! Македонија вечна“, вели Камиказа.
