Тоа што народот пак си го бара Груевски назад е безизлезната состојба на хаос и грабеж во која СДСМ 7 години ја турка Македонија, вели Јоци

Од
Објавено на

Тоа што народот пак си го бара Никола Груевски назад, кој веројатно наскоро ќе биде аболиран, е безизлезната и безнадежна состојба на хаос и грабеж, во која СДСМ, 7 години ја турка Македонија, вели во својата објава на Фејсбук Јорданка Ивановска Јоци.
„Газење на достоинството и национални трауми од кои никогаш нема да оздрави земјава. Економски и енергетски колапс, корупција и општонароден грабеж, речиси идентични како претходно.
Токму затоа го бараат. По теркот на онаа мисла на Љубчо – крадевме, ама имаше за народот“, додава Јоци.
